Габриела Илиевска: Туризмот носечки столб за развојот на Битола

Од:

Носителот на независната листа на кандидати за членови на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска денес најави дека туризмот ќе биде еден од носечките столбови за економскиот развој на градот и ќе придонесе Битола да биде економски силна општина.

– Туристичките работници, угостителите и малите стопанственици, занаетчиите и еснафот, имаат интерес на туризмот да му се даде многу поголема важност и улога отколку досега. Вклопувањето на манифестациите од забавен карактер од типот на „Бела ноќ“, или организирањето „Чкембаријада“ која ќе ги анимира угостителите во подготовка и промоција на специјалитети карактеристични за нашето поднебје, се само еден сегмент во збогатувањето на организираната туристичка понуда под „капата“ на општината и битолскиот еснаф, изјави Илиевска.

Токму заради тоа, нагласи, еден од приоритетите на нашата кандидатска листа за советници е формирање Комисија за туризам во рамките на Советот на општина Битола.

– Комисијата ќе има задача да им предложи на членовите на Советот да донесат Одлука за формирање општински туристички сојуз и туристички инспекторат, отворање туристички инфо центар и продавници за сувенири. Сметаме дека овој проект ќе биди добра основа и појдовна иницијатива која ќе придонесе за забрзан развој на туризмот во Битола, посочи Илиевска.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски