Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола

Од:

Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ и актуелна претседателка на Советот на Општина Битола денеска објави дека како независна ќе се кандидира за градоначалничка на Битола. Таа ги повика сите битолчани кои сакаат, како што посочува во објавата, да ја видат Битола поубава, почиста, непартиска и независна да ја поддржат.

-После сите шпекулации, написи, приказни, плукања, честитки, еве да расчистиме. Ве повикувам сите битолчани, без разлика дали сте симпатизери или членови на која било политичка партија, гласачи досегашни на која било политичка опција, досегашни негласачи, сите кои сакате да живееме во поуба, почиста, непартиска, независна Битола, да ме поддржите за независен кандидат за градоначалник и да се приклучите кон фронт против 30 и кусур годишното запоставување на градот, повика Илиевска.

Илиевскиa нагласува дека за разлика од политичките партии, таа како независна кандидатка нема пари за кампања и маркетинг, но тоа нема да ја спречи во борбата.

-Пари за кампања и маркетинг немам ич, ама имам храброст, знаење, интегритет, чесност и достоинственост да излезам против сите кои досега само ја крадеа Битола. Време е Битола да биди независна, вели Илиевска.

Во изминатите години таа помина три советнички мандати во Советот на Општина Битола. На почетокот како советничка од ВМРО-Народна партија, а во последните два мандата како незaвисна од граѓанската иницијатива „Поинаку“.

Илиевска е првата жена независна кандидатка за градоначалничка на Битола.

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа донесе Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за локалните избори 2025 година. Со Правилникот се предвидува независните граѓански иницијатива да можат да учествуваат на изборите со собрани два потписа.

Би можело да ве интересира

Со општински пари екс-градоначалник на Росоман го исплати личниот долг од 500.000 денари

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките