Габриел: Уставните измени не се единствен услов за Скопје

Од:

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел изјави дека Бугарија нема билатерален проблем со Северна Македонија во однос на интеграцијата во ЕУ и оти услов за продолжување на европскиот пат на Скопје не се само уставните измени туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протокола.

– Бугарија нема билатерален проблем со Република Северна Македонија. Бугарија, во име на заедничкиот европски интерес, и кажува на Северна Македонија што значи да се биде членка на Европската Унија. Имаме три меѓусебно поврзани инструменти и многу јасен став на Националното собрание. Условите кон нашата соседна земја не се само уставни измени, туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протоколи, кажала Габриел на состанок на собраниската Комисија за надворешна политика, прашана за европскиот пат на Северна Македонија, пренесува БТА.

Според неа, важно е Софија да види напредок во другите правци доколку има потешкотии со уставните измени. Габриел посочила дека се одржани два технички состаноци во јули во Софија и во октомври во Скопје, на кои е констатирано дека, за жал, нема напредок.

– Бугарија има многу јасна позиција пред целата Европска Унија. Ние сме земја-членка и како такви со нашите барања до Република Северна Македонија кажуваме дека кога сакаш да бидеш членка на Европската унија мора да ги исполниш обврските што самиот си ги презел. Доколку Република Северна Македонија сака да продолжи кон членство во ЕУ, планот за заштита на малцинствата е веќе критериум, вели Марија Габриел.

Би можело да ве интересира

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски

Бугарија: Пожар зафати 25 куќи, наредена е масовна евакуација