А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Габриел: Историски договор за добрососедство

by А1он01/08/2017 - 15:19201
Share0

Германија го поздрави Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што денеска во Скопје го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов.

Добивај вести на вибер

– Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија денеска потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу тоа што по многу години безуспешни преговори се најде консензуално решение на отворените прашања. Со тоа двете држави испраќаат важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот и за натамошната евро-атлантска интеграција на пјР Македонија, наведува во пишаната изјава министерот за надворешни работ на Германија, Зигмар Габриел.

Шефот на германската дипломатија истакнува дека потпишувањето на договорот успеало да биде направено за помалку од два месеца од инаугурацијата на новата македонска Влада.

– Убеден сум дека новата Влада во Скопје ќе продолжи да го спроведува овој вид на конструктивна соработка консеквентно со сите соседи. Исто така, ги поздравувам напорите на новата Влада, по долгогодишна стагнација сега конечно да започне со итно потребните реформи за приближување кон ЕУ, вели Габриел во изјавата по повод потпишаниот Договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

dogovorgermanija

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:38

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 22:27

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Горан Наумовски27/02/2026 - 21:52

Кина ги престигна САД

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 17:56

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 11:31

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен