А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Г.г. Стефан: Од Битола апелирам сите повикани да го градат и чуваат единството на македонскиот народ

by А1он13/01/2013 - 13:00219
Share0

Поглаварот на Македонската православна црква-МПЦ г.г. Стефан заедно со митрополитите г. Петар, г. Тимотеј, г. Иларион и викарниот епископ Климент, денеска во Храмот „Св. Богородица“ во Битола одржаа Света Златоустова литургија.

Добивај вести на вибер

На свечениот чин му претходеше синоќешното осветување на фреските во храмот „Св.Богородица“ во овој град за што г.г.Стефан искажа пофални зборови. Пред верниците во Битола Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан порача секогаш и редовно да се доаѓа во македонските црковни храмови, а не само на Божик и Велигден, како што тоа некои вообичаено го прават и тоа на кратко време.

– Едно од основните учења на црквата е единството меѓу луѓето. Мајката Македонска православна црква секогаш кога ќе почувствувала дека тоа треба да го прави, го правела и ќе го прави. За време на Божиќните чествувања ја акцентиравме потребата од единство на нашиот народ и затоа сметам дека еден од најголемите непријатели што може да ни бидат и што тоа во историјата се покажало многу често, а и како да ни се повторува, е токму таа меѓусебна недоверба, поделби и расправии. Од Битола испраќам апел до сите што се повикани да го градат, да го чуваат и да го создаваат единството, истакна Архиепископот г.г.Стефан.

Запрашан дали би се одзвал на барањето да посредува за помирување на одредени личности кои влијаат во јавниот и политичкиот живот на државата, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан посочи дека досега официјално барање за таков ангажман нема.

– Досега не пристигнало такво барање, но сметам дека сите сме повикани да помогнеме таму каде што можеме за да тоа се случи. Црквата нема да откаже од својата улога, потврди Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.

На денешната средба со новинарите во Битола поглаварот на МПЦ-ОА ги анализираше и јавно искажаните ставови и недоразбирањата меѓу митрополитите г. Петар и г. Тимотеј како членови на Светиот синод на МПЦ.

– За жал такви нешта се случуваат и во Црквата, но денешната богослужба потврди дека ако има различни мислења, ставови, впечатоци или сеќавања дека иднината и сегашноста можат заедно да помогнат да се надминат некои случувања и во највисокиот врв на МПЦ. Јас мислам дека Австралија е прекрасна можност и прилика за двајцата митрополити заеднички да го сочуваат и да го залечат потребното единство меѓу Македонците во Австралија, истакна Архиепископот Г.г.Стефан.

Митрополитот г.Тимотеј, пак, кусо изјави „јас немам ништо против г.Петар, а верувам дека и тој нема ништо против мене“. г.Петар, од друга страна, истакна „се што сум кажал порано, сум кажал, но верувам дека во иднина ќе биде добро“.

mpc

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 13:15

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 14:39

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски30/12/2025 - 20:1231/12/2025 - 08:54

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Катерина Ѓуровски13/07/2025 - 12:27

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски12/06/2025 - 12:1712/06/2025 - 12:31

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Горан Наумовски31/05/2025 - 13:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто