ФЗОМ склучи договори за условни надоместоци со десет ЈЗУ

Од:

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) годинава склучи договори со 10 јавни здравствени установи (ЈЗУ) за условни надоместоци за обезбедување и извршување здравствени услуги на осигурените лица во вкупна вредност од околу 387 милиони денари.

– Воведувањето условни надоместоци се покажа како успешна приказна во македонското здравство и затоа ФЗОМ и сите здруженија на пациенти со кои Фондот редовно комуницира ја оценија оваа новина како крајно позитивна. ФЗОМ и годинава, согласно добиените информации каде треба поттикнување на ЈЗУ, ја продолжува праксата на договарање на условни буџети, но и проширување на видот и обемот на здравствени услуги каде за тоа има можност и интерес, рече директорот на ФЗОМ Јован Грповски на денешната прес-конференција.

Тој информира дека за периодот јануари – декември 2013 година е договорено Универзитетската клиника за неврологија да биде стимулирана за третман на 209 лица месечно на мултипна склероза со имуномодулаторна терапија во вкупен износ од 121,4 милиони денари, Клиниката за ревматологија за третман на 100 лица на ревматоиден артрит со специфична терапија во вкупен износ од 31,8 милиони денари, Клиниката за хематологија за 25 трансплантации на коскена срцевина во вкупен износ од 14,7 милиони денари, Клиника за детски болести за третман на околу 50 лица месечно со цистична фиброза и третман на 100 деца месечно со хормон за раст во вкупен износ од 95,2 милиони денари, а Клиника за урологија за 35 трансплантации на бубрези во вкупен износ од 25,9 милиони денари.

За Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 12 васкуларни процедури и 160 процедури на граден кош и дигестивен тракт издвоени се 17,6 милиони денари, за Клиниката за детска хирургија за 5 трансплантации на бубрези и 2 трансплантации на црн дроб има вкупен износ од 4,9 милиони денари, за Клиниката за уво, нос и грло за вградување на 4 кохлеарни импланти вкупниот износ е 4,4 милиони денари, за Клиниката за очни болести за 1.000 оперативни зафати на катаракта со фако метода вкупниот износ е 27 милиони денари и за ЈЗУ Градска општа болница 8 Септември за 1.000 оперативни зафати на катаракта со фако метода и 470 литотрипсии на уринарни камења се издвоени 43,6 милиони денари.

– Воведувањето специфичен вид и обем како составен дел на договорите со дел од јавните здравствени установи за периодот од јануари до декември 2012 година ја постигна целта да се стимулираат здравствените установи да ги обезбедат оние услуги кои беа дефицитарни или несоодветно планирани. Сите здравствени установи кои како составен дел на договорот имаа и план за специфичен вид и обем во најголем дел го реализираа и ги добија дополнителните условени средства. На тој начин на осигурените лица им беа обезбедени одредени услуги во зголемен обем и квалитет, вклучително и современи методи на лекување со современа терапија и апаратура, со кои се намалија и листите за чекање за одредени здравствени услуги, рече Грповски.

Следењето на остварувањето на здравствените услуги утврдени во Планот за специфичниот вид и обем, појасни, се спроведува на квартално ниво врз основа на фактурираните здравствени услуги и пресметката за остварениот планиран специфичен вид и обем, по истекот на секој квартал.

– Доколку здравствената установа не ги изврши планираните здравствени услуги определени во планот за специфичен вид и обем, Фондот по истекот на секој квартал или шестмесечје ќе ги намали условните буџети за соодветниот износ на неискористени средства за таа намена, рече Грповски и додаде дека  доколку тие во наредните квартали остварат износ повисок од предвидениот Фондот им ги враќа средствата.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов