ФЗОМ: ЈЗУ работат ефикасно и економично

Од:

Јавните здравствени установи, особено универзитетските клиники и болниците бележат подобрувања во финансиското работење за првото полугодие на 2014 година, констатираа финансиските контроли на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Како што соопштија од ФЗОМ, со извршените контроли утврдени се подобрувања во работење на ЈЗУ во делот на зголемен степен на одговорност кај менаџментот на контролираните јавни здравствени институции, поефикасна сметководствена евиденција преку воведување на софтери за материјална и финансиска евиденција, полесен и транспарентен начин на фактурирање, подобрување на механизмите за внатрешна контрола во делот на раководење со постапки за јавни набавки и реализација на договорите, исплата на обврски според датум на доспевање и без преферирање на добавувачи, поголема евиденција со цел домаќинско трошење на средствата, поефикасно и поефективно се раководат со расположливите ресурси…

– Тимовите на финансиска контрола на Фондот за здравствено осигурување на Македонија извршија 286 финансиски контроли во сите 112 јавни здравствени установи во Република Македонија. Во првото полугодие на 2014 година, поголем фокус на финансиска контрола беше начинот на спроведување на постапките за јавни набавки. Во наредните финансиски контроли ќе се продолжи со контрола на спроведување на постапките за јавни набавки, се наведува во соопштението.

Според ФЗОМ, со финансиската контрола и согледување дали трошењето на средствата е домаќинско, се утврдува дали институциите во своето работење се ефикасни и економични. Финансиската контрола обезбедува проток на информации од Фондот кон ЈЗУ и обратно се што се постигнува едукативна функкција. Оваа соработка, појаснуваат од ФЗОМ, овозможува јавните здравствени установи да се стекнуваат со сознанија за корекција и добиваат сет препораки за подобрување на детектираните сегменти во работењето.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски