ФЗОМ и утре ќе прима барања за електронска здравствена картичка

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ќе овозможи барањата за издавање електронска здравствена картичка (ЕЗК) да можат да се доставуваат и утре. Сите подрачни служби на Фондот низ државата ќе работат во период од 07:30 до 19 часот, соопшти денеска ФЗОМ.

Во Скопје, барање за издавање на ЕЗК осигурениците ќе може да достават во Подрачната служба Скопје, во период од 07:30 до 19:00. Во сите шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир и во дополнителните четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто осигурениците ќе може да достават барања од 7:30 до 15:30 часот каде ќе има одговорни лица од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на ЕЗК..

– Со ова тимот на ФЗОМ сака да им овозможи на сите осигурениците кои нема да можат да ги достават барањата денес, да го направат тоа и во сабота, 29 јуни 2013 година, со цел да се запази предвидената законска регулатива која предвидува сите осигуреници да имаат поднесено барање за издавање на ЕЗК заклучно со 30 јуни 2013 година, се вели во соопштението од ФЗОМ.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните