ФЗОМ: „Е-потврди за редовност“ олеснување за студентите

Од:

Осумдесет проценти од редовните студенти во Република Македонија за кои факултетите доставиле електронски податоци за редовно студирање во Фондот за здравствено осигурување веднаш забележале олеснување, соопшти Фондот.

Доставувањето електронски податоци за студентите, според ФЗОМ, е овозможено со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“, кои до сега потврдата за редовно школување требаше да ја заверат во студентски прашања, па да ја достават на шалтерите во подрачните служби на Фондот. Со новиот проект, ФЗОМ секоја нова потврда/промена за редовно школување ја добива по електронски пат од соодветната образовна установа за високо образование.

Одредени факултети укажале дека треба да направат прво техничко прилагодување и до следниот семестар ќе се приклучат.

– За редовните студенти, за кои нивните матични факултети досега не доставиле електронски потврди за редовно студирање до ФЗОМ, потврдите ќе можат сами да ги достават во печатена форма во било која подрачна служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Оваа потврда е обрвска согласно Законот за здравствено осигурување за секој студент од 1992 година, соопшти Фондот.

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

А1он

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски