ФЗО ќе потроши 28.800 евра за „тим билдинг“

Од:

Фондот за здравствено осигурување ќе потроши 28.800 евра за 4 месеци за усгостителски услуги.

На Бирото за јавни набавки објавен е оглас за склучен договор во вредност од 1.770.000 милиони денари или 28.800 евра за организирање на стратегиски работилници или тим билдинг за врвен и среден менаџмент.

Тендерот го добил хотел Скардус ДОО експорт-импорт од Тетово. Во описот на услугата на јавни набавки стои:

„Услугите ќе се извршуваат во простории просторно и технички оспособени за потребата, на локација согласно барањата наведени во техничката спецификација, во сопственост на понудувачот или обезбедени од понудувачот во термини кои дополнително ќе се утврдат според календарот на активноси на ФЗОМ“.

Договорот стапил на сила на 22 август и ќе заврши на 31.12.2014-та.

Во последниот ревизорски извештај од пред две години, ревизорите констатирале дека се повеќе расте дупката во фондот за здравство. Недостатокот спред нив се покрива со пари од буџетот.

Ревизорите пресметале дека дефицитот во касата на фондот има тренд на зголемување од година во година или 6 % во во 2008 за во 2012-та дефицитот да биде 22 отсто.

2008 – 6%

2009 -14%

2010 -16%

2011 –19%

2012 – 22%

Ревизорите во последниот извештај сигнализираа дека постои можност за продлабочување на дупката касата на ФЗО.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски