ВИДЕО: Функционерите на ДУИ најголеми трошаџии во Владата

Од:

Вања Михајлова, експерт за антикорупција на денешната прес конференција во рамките на проектот Граѓанските организации и медиуми против корупцијата, истакна дека најголемите трошаџии во Владата на РМ се функционерите од ДУИ, на чело со министерот за економија Крешник Бектеши кој потрошил 14 илјади евра за 6 месеци односно 2500 евра по месец.

-Имаме министри кои биле скромни во трошењето, но од друга страна имаме и министри кои расипнички се однесувале со буџетските пари. Првите три места на министри трошаџии им припаѓа на оние од редовите на ДУИ. Според објавените податоци предничи младиот министер за економија, Кресник Бектеши кој потрошил дури 14 илјади евра за 6 месеци односно по околу 2500 евра по месец, пари кои во никој случај не можат да се оправдаат, вели експертот за антикорупција Вања Михајловска.

Според неа, за да профункционира правната држава и да се врати владеењето на правото под што се подразбира и трошењето на државни пари потребно е Владата да ги задолжи надлежните органи, Државната ревизија и Внатрешната ревизија во секое министерство да вршат редовна контрола на оправданоста во трошењето на толкав износ на пари и да дадат отчетност за потрошеното и доколку функционерите потрошат нерационално, тие пари да се вратат.

-Бараме политичка одговорност од функционерите кои расипнички се однесуваат со парите на граѓаните бидејќи тие немаат повеќе капацитет и кредибилитет да вршат таква функција. Потребно е да се донесе посебен акт со кој ќе се пропишат критериуми за ограничиување на трошењето за угостителски услуги, телефонски услуги и патување во странство. Она што изненадува и шокира е тоа што иако земаат дневници за патување во странство, самите функционери поднесуваат сметки за потрошени пари што е апсолутно неприфатливо и неодговорно кон она што им е доверено, вели Михајлова.

Уште една препорака која поранешниот член на ДКСК, ја упати до Владата е драстично да се намали бројот на службени лица кои имаат право на репрезентација и да се препорача на јавните претпријатија и локалната самоуправа да ги ограничат средствата за овие намени.

-Сега знаеме дека секој троши службени пари. Јавните претпријатија и локалната самоуправа исто така да ги ограничат средствата за овие намени бидејќи според ревизорските извештаи во ЈП и Локалната самоуправа се добива истата слика, расипничко ненаменско и неодговорно трошење на буџетските пари за лични потреби, рече Михајлова.

Според неа, оваа практика е последица на неказнивоста на она што се правело претходните години. Таа истакна дека и покрај тоа што Државната ревизија откри милионски трошоци за лични потреби во угостителски услуги, досега од Јавното обвинителство нема никаква информација дали е покренато било какво обвинение.

-Доколку остане оваа практика на неказнивост со сигурност можеме да очекуваме дека овие министри и идните ќе продолжат со истата практика на трошење, вели Михајлова.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски