Функционерите ќе може да патуваат во странство, без да бидат спроведени во државен карантин откако ќе се вратат

Од:

Владата на денешната седница одлучила да се дозволи избраните и именуваните лица да патуваат во странство, но по нивното враќање да не бидат спроведени во задолжителен државен карантин. За одлуката соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, според кого, државните функционери при патувањето ќе треба да го почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести.

„Владата заклучи дека може да се дозволи патување во странство на избрани и именувани лица во странски држави со почитување на препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, за одржување потребно растојание, носење  лична заштитна опрема. Заради координации и други работни активности поврзани со мерките за Ковид-19, како и поради други итни причини кои не трпат одлагање без спроведување на овие лица во државен карантин, по нивното враќање во државата“, рече Спасовски.

Инаку, и натаму останува во сила одлуката  сите државјани на државата при враќањето од странство од земјите кои се со висок, среден или низок ризик да бидат спроведени во државен карантин каде треба да останат по 14 дена. Објектите каде ќе се спроведува државниот карантин ги чува полицијата и Армијата.

Би можело да ве интересира

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември