Функционери на ДУИ го тргнале македонското знаме покрај спомен-плочата на Мајка Тереза

Од:

Функционери на Демократската унија за интеграција побарале да се тргнат државните знамиња поставени покрај спомен-плочата на местото каде некогаш се наоѓала куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје, јави Алсат-М.

Според телевизијата, на одбележувањето на 17-годишнината од упокојувањето на нобеловката Гонџа Бојаџиу, од Здружението „Скопјанката Мајка Тереза“ биле поставени две државни знамиња на двете страни од плочата, но функционери на ДУИ, кои дошле да положат цвеќе, побарале да се тргнат знамињата.

Пратеникот Рафиз Алити не сакал да го коментира отстранувањето на државните знамиња или тоа што немалое албанско знаме. За тоа што спомен-плочата е на македонски и англиски јазик, Алити одговорил дека цел свет знае која е Мајка Тереза.

– И покрај плочата, Мајка Тереза самата се изјасни на која заедница ѝ припаѓа, така што во светот се знае дека таа се изјасни дека е Албанка. Но, таа беше мајка на сите деца на светот, мајка на сиромашните во светот. Што се однесува до плочите, секако дека со време реалноста е реалност и плочата ќе биде и на албански јазик – изјавил Алити.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански