(ВИДЕО) Фуере: ЕУ е загрижена за демократијата во Македонија

Од:

Нема алтернативa за европската перспектива, дециден е поранешниот евроамбасадор во земјава, Ерван Фуере, во интервју за „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

– Секако дека тоа е избор на секоја држава. Но, како што сме виделе низ историјата на европската интеграција, предностите и можностите што се нудат се големи. Сè додека Македонија не започне со преговорите, ќе биде во тешка ситуација. Членството во ЕУ е единственото решение – вели Фуере.

Европскиот дипломат вели дека решение во однос на спорот за името може да се најде единствено преку дијалог.

– Грција, со оглед дека го презема претседателството со ЕУ следната година, треба да биде пример, меѓу другото и затоа што е автор на Солунската агенда пред 10 години, да стори сè за да дојде до договор со Македонија. Од друга страна, Македонија треба да ги остави емоциите настрана. Многупати сме рекле дека спорот не е за идентитетот, туку за името. Тоа не е фер, но е реалност. Македонците секогаш ќе бидат Македонци. Жално е ако спорот со името се злоупотребува за собирање на внатрешно-политички поени – смета Фуере.

Поранешниот евроамбасадор во Македонија смета дека Европа е загрижена за демократијата во земјава.

– Тоа е за жалење. Мислам дека е одраз на загриженоста на многу земји-членки, иако не го кажуваат тоа јавно, за состојбата со демократијата во Македонија – отсуството на политички дијалог, недоволниот напредок во надминување на штетата од драматичните настани од 24-ти декември. Тоа не е имиџ за една земја – кандидат за ЕУ. Нема алтернатива на политичкиот дијалог, консензусот и почитувањето на слободата на медиумите – изјави Фуере во интервју за Глас на Америка на македонски јазик.

За приемот на Хрватска во ЕУ, Фуере смета дека ќе дава добар пример дека со определеност и компромис, можно е да се надминат сите предизвици.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ