ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти сака да го потсети г-дин Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија дека мандатот за составување на Влада го доби врз основа на Програма за работа која беше презентирана во Собранието на Република Македонија.

Г-дин Заев во ниту еден сегмент од вашето сиже во Парламентот не беа спомнати вашите неодамнешни активности.

Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг. Ако вака продолжите и не се зафатите со решавање на проблеми кои ги тиштат граѓаните со години, вие уште еднаш ќе покажете дека по ништо не се разликувате од вашиот претходник. Реформи, а не евтин политички маркетинг.

Исто така, Форумот најостро реагира на однесувањето на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА. Нашата Црква опстојала со векови и никогаш не ни биле потребни мајки или заштитници. Опстојала заради силната желба и сплотеноста со народот.

Оттука, место што праќате љубовни писма до соседните Цркви, подобро ќе биде да се обидете да ја доближите Црквата до народот, нешто што не ваша пракса последните неколку години, со вашите постапки постепено ги оттуѓивте Црквата и народот. Многу малку треба, само ако имате желба да смените нешто“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Бугарите протестираат против воведувањето на еврото: „Сиромашните се плашат дека ќе станат уште посиромашни“

(ВИДЕО) Матурантка во Бугарија на прославата пристигна во багер, со трубачи

А1он

Мицкоски: За време на Хашкиот самит во НАТО да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас и од Бугарија

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

Претседателот предложи, а бугарскиот парламент го одби референдумот за еврото

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски