ФСП: Време е ВМРО-ДПМНЕ да се врати на вистинските ВМРО-вци

Од:

„После исходот од преговорите и целосното фијаско на актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ и нивното ретерирање од почетните ставови, Форумот на слободоумни патриоти сака да ја искаже својата загриженост од дволичната политика која ја води актуелното раководство на партијата, како и загриженоста од дијаметрално спротивните изјави дадени само во рок од неколку дена. Многу некоректно и нечесно е да држиш “патриотски говори” пред своето членство и со самото тоа да создаваш општествена тензија од една страна, па преку ноќ да го менуваш своето мислење и да ставиш свој потпис на работи за кои претходно си тврдел дека нема или може да се случат, ама без ВМРО ДПМНЕ, од друга страна.

Јавно го прашуваме раководството на партијата: Дали го имате изгубено компасот и вашето политичко делување е само во рамките на вашите лични интереси? Дали сте свесни дека со вашите лоши одлуки и лоши говори само дотуравте масло на огнот  и  ја  разгорувавте  нетрпеливоста  помеѓу  граѓаните?  Зошто  толку  време  не држевте во заложништво кога на крај сакале или не го прифативте исходот за кој се знаеше дека е неминовен?

Форумот на слободоумни партиоти сака да му укаже на актуелното раководство дека уште од формирањето на партијата, ниту едно партиско тело на ВМРО ДПМНЕ, а камоли највисокото раководство своето делување на го темелело на тесни лични интереси на групи и поединци, кои како што можеме да видиме се на директна штета на партијата, Македонскиот народ и држава.

Зошто   во  немоќ   да   ја  оправдате  сопствената  неспособност,   неуспеси   и политички дилетантизан се криете позади народот? Дали не е време некој да сноси одговорност за лошите одлуки и лошата стратегија со која ВМРО ДПМНЕ ги поминува овие тешки мигови? Дали не е време за вонреден Конгрес и темелни промени во актуелното раководство кое и нанесе непоправливи штети на партијата и државата? Дали не е време ВМРО ДПМНЕ да се врати на вистинските вмровци и на принципите врз кои е формирана“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни партиоти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми