ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти најостро реагира на грубото кршење на Уставот на Република Македонија при донесувањето на т.н. Закон за употреба на јазиците.

Сокривајќи ваков клучен закон под Европското знаменце е класична злоупотребата на позитивните законски прописи и манипулација со волјата на мнозинството на граѓани на Република Македонија.

Ова е посебно важно бидејќи Еврокомесарот Хан нагласи дека нема потреба од донесување на ваков закон, што укажува на фактот дека истиот не е на агендата на Евро-атланската интеграција на Република Македонија.

Сакаме да му укажеме на Заев, неговите министри и пратеници кои го гласаа овој штетен Закон дека граѓаните на Република Македонија не се должни да го финансираат нивното опстојување на власт по секоја цена и ги повикуваат трошоците за имплементација на овој штетен Закон да ги платат од сопствен џеб, а не од Буџетот на РМ.

За крај го повикуваме Иванов да не го потпишува овој штетен закон и јавно да ги објави гаранциите на Заев од кои ќе се види дека Заев лажеше само со цел да дојде на власт“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Нема да употребам вето за да навредам некој јазик

Ахмети: ДУИ е ураган, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици ќе биде одржана од 19 до 21 март

Горан Наумовски

Албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во земјава порачаа од ВРЕДИ

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Уставен суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците