ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Од:

Форумот на слободоумни патриоти уште еднаш најостро ги осудува лицемерството и лажниот патриотизам на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, со кој, како што велат, настапил во последното негово интервју.

„Како прво и основно, Никола Груевски нема никаков легитимитет да зборува за местени политички процеси и за тоа дека невини луѓе ќе гнијат во затвори. Сакаме да го потсетиме Груевски дека во периодот 2009-2016 година имаше најмногу монтирани политички процеси во кои штети трпеа сите што на некој начин му се спротиставуваа на неговите луди идеи, а најмногу чесните и искрени вмровци“, велат од Форумот на слободоумни патриоти.

Како што велат, Никола Груевски е личноста што одигра многу штетна улога на сметка на македонските национални прашања.

„Сакаме да го потсетиме Груевски дека кога тој беше премиер, беа амнестирани т.н. хашки случаи, злосторства против Македонците од 2001 година, беше донесен Законот за јазиците, не се направи попис на населението и домаќинствата. Понатаму, сакаме да го потсетиме Груевски на телефонскиот разговор со својот потрчко Антонио Милошоски, кој ѝ е познат на јавноста, а во кој Груевски и Милошoски зборуваат за промена на името на нашата татковина со таква леснотија, небаре на пазар купуваат или продаваат пиперки “, се вели во соопштението.

Како што велат од Форумот, Никола Груевски и неговите пријатели од ДУИ го поделиле народот на етничка, верска и политичка основа како никој претходно.

„Бадијала сега плачејќи по неговите портали зборува за кохезивни фактори кога неговите недела изминатите 10 години се главните фактори на поделбите и егзодусот на македонскиот народ во европските и прекуокенските земји. Списокот на недела на Никола Груевски е многу голем, неговото деструктивно политичко дејствување е уште поголемо. Груевски, време е да се спасиш себеси, а и сите нас од твоето лицемерство. Груевски, време е за оставка и одговорност, не само политичка. Ослободи ја ВМРО-ДПМНЕ од преголемиот товар што го носиш и со кој ѝ правиш штета на партијата и државата“, велат од Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он