ВИДЕО: ФРОДЕМ и дел од реформаторите формираат фракција во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ФРОДЕМ и членови на внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе настапуваат како фракција во ВМРО-ДПМНЕ. Целта на ваквиот начин на делување е, како што велат, да ѝ се помогне на партијата да стане вистинска и реална опозиција, а не фиктивна која ќе има свои конкретни ставови, принципи, идеологија и политики и за најкратко можно време со ново и демократски избрано раководство од членовите на партијата, да се врати како победник на политичката сцена.

„Причина повеќе за јавно дејствување како фракција е фактот дека ова наметнато раководство сè уште е во закрила и во стегите на поранешните партиски фунционери без разлика на јавното глумење за некаква реформа и демократизација. Од тоа нема ништо. Доказ е последниот конкурс за избор на претседатели на општинските комитети на партијата, по сосема ист терк како сите досегашни“, вели Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ.

Ѓулистана Марковска, пратеничка од првиот парламентарен состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, побара јавно од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го промени статутот како што најавувал при неговиот избор со кој ќе се овозможи незадоволните членови во партијата да можат да делуваат како фракција.

„Ние сме членови на ВМРО-ДПМНЕ, не сакаме да нè третираат како друга политичка партија, но ќе делуваме како прва и официјална фракција на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Марковска.

Таа не кажа колкава бројка на луѓе стои зад инцијативата, но порача дека меѓу незадоволните членови од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ има и пратеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми