ФРОДЕМ: Груевски не може да се помири со фактот дека не одработи доволно добро за изолацијата на Македонија

Од:

„ФРОДЕМ целосно го поддржува договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија. Договорот е голем исчекор за Македонија во евроатланските интеграциони процеси. Со подобрувањето на односите со Бугарија, Македонија јасно докажува дека е фактор на стабилизација и развој на добрососедските односи на Балканот. Фактор за затворање на спорните прашања со соседите.

Со овој договор Македонија јасно покажува дека одбива да биде затворена, криминализирана, пропадната енклава на Балканот. Овој договор е почеток на крајот на криминалното антимакедонско мешетарење на остатоците од ненародниот режим. Почеток на крајот на долгогодишните вештачки заладени односи.

Кремот на бугарското општество е со потекло од македонските краишта. Во оваа смисла, Македонија не може да посака поголем сојузник и европски промотор на нашите интереси и заедничките вредности.

Груевски, фрустрираниот екс советник на анахрони српски структури, не може да се помири со фактот дека не одработи доволно добро за изолацијата на Македонија. Сега, криејќи се зад нелегитимни квази партиски органи, преку неподржување на договорот и преку блокади на парламентот, се обидува да се испазари за аболиција на неговиот криминал. Купува време, со кое само си ја продолжува агонијата. Сите наоколу ги лаже дека новата власт нема капацитет да се справи со неговото злосторничко здружение. Кова шупливи планови со двојно дно. Преку лажни внатрепартиски реформи, блокади и корумпирање се обидува да се спаси.

Всушност, Груевски нема елементарна доблест да излезе и да каже зошто оваа корисна работа за Македонија самиот не ја заврши. Во негов затскриен стил поттикнува небитни квази организации диригирано да го оспоруваат договорот. Сето ова ќе остане попуста активност без ефект. Новата власт треба детално да ги преиспита контрашките, одработувачки „организации“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on