Фрлени 55 тони сол на улиците во општина Центар

Од:

Екипите на општина Центар, заедно со зимската служба, од раните утрински часови се на терен и го расчистуваат снегот од коловозите и тротоарите.

На улиците оперираат четири специјални возила-камиони и тоа соларки со нож и соларка за чистење на снег, соопштуваат од општината.

На приоритетните места се вклучува и специјална машина за рачно чистење на голомразните површини .

Од утрово, до пладне, фрлени се 55 тони сол.

Нема застој на сообраќајот по улиците и граѓаните можат нормално да се движат. Екипите ќе работат нон-стоп додека налагаат временските услови.

Општината има набавено 250 тони сол и има ангажирано фирма за одржување на коловозите и тротоарите во зимски услови на улиците .
Општина Центар ги известува сите сопственици, односно корисници на јавни објекти, веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.

Граѓаните можат да му се обратат на раководителот на сектор Горан Иљоски, на телефонскиот број 072/268-746.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ