Фридман: Заклучокот на БАН дека не мостои македонски јазик е враќање во времето на фашизмот

Од:

Негирањето на македонскиот јазик и македонските дијалекти од страна на Бугарската академија на науките е дел од политиката на негирањето на македонското малцинство во Бугарија, изјави американскиот лингвист Виктор Фридман.

Заклучокот на БАН дека македонскиот јазик на постои, односно е дијалект на бугарскиот јазик е враќање во времето на фашизмот, смета професорот Фридман, долгогодишен шеф на Катедрата за јужнословенски јазици на Универзитетот во Чикаго кој повеќе од 30 години се заминава со лингивистиката на Балканот.

– Бугарите, освен краткорајното признавање од 1946 до 1948 година, никогаш навистина не го признале македонскиот јазик и сметам дека сегашниот однос на нивната академија по ова прашање е враќање во 1930-ти и рани 1940-ти години, значи времето на фашизмот, кога велеа дека нема македонски јазик, односно тој бил бугарски, изјави Фридман за Гласот на Америка.

Според него, иако на почетокот на 1990-те со признавањето на независноста на Република Македонија, Бугарија го признала официјалниот јазик на Република Македонја (а не македонскиот јазик) , политиката на некои научни и политички кругови во земјата се уште е поврзана со фашистичкиот период.

-Сега ова е многу тешко да се промени бидејќи се веќе влезени во Европската Унија, смета Фридман.

Според него, Преспанскиот договор ги засили апетитите на Бугарија.

– Да немаше Преспански договор, Бугарите ќе седеа малку потивко, затоа што Македонија ќе немаше шанси да стане дел од Европа заради Грција, изјави Фридман.

Според него, Македонија е самостојна земја со самостоен јазик уште од 19 век, кога основоположникот Ѓорѓи Пулевски ги издвои македонските дијалекти од основната јазична база како поразлични од бугарските дијалектите од тој регион.

-Значи иако тие јазици се многу блиски, сепак, се различни. Негирањето на македонскиот јазик и на македонските дијалекти е дел од политиката на негирањето на македонскиото малцинство во Бугарија, изјави Фридман.

Професорот Фридман е член на неколку неколку академии на Балканот, а Бугарија ја признала неговата експертиза наградувајќи го со јубилејниот медал „1300 години Бугарија“.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Напад со дронови на два брода во бугарски води во Црното море