Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Френсис Фукујама, американски филозоф, научник, политичко-економски аналитичар и автор и со професори од Универзитетот Стенфорд во САД кои престојуваат во Република Македонија по повод одржувањето на „Лидерска академија за развој” организирана од Институтот за демократија „Социетас Цивилис”, а која се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
На средбата се разговараше за глобалните предизвици на денешницата, за развојот на внатрешната политика во САД, за светските текови и трендови во политиката и економијата, како и за развојните тенденции во меѓународниот поредок.
Соговорниците споделија мислења и информации за европски интеграции на нашата земја, како и за регионалната стабилност, а стана збор и за предизвиците во евро-атлантскиот блок и функционирањето на Европската Унија во услови на криза.
На средбата се разговараше и за развојот на случувањата во Украина и на регионот.