(ВИДЕО) Фрчкоски: Треба да се вметне Охридскиот договор во амандманите, но не заедно со историските документи

Од:

Предлагачот на амандманите да нагласи дополнително три компоненти: дека не се загрозува граѓанскиот карактер на Уставот, да се потенцираат идентитетските одредници и дека решенијата се во рамки на уставните стандарди и не се се измислени само за нас, изјави професорот Љубомор Фрчкоски на јавната расправа за уставните амандмани.

Фрчкоски се осврна на предложените амандмани со забелешка дека во делот на Преамбулата треба да се вметне Охридскиот договор, но не во истата реченица со историските документи и со Уставот од 1991 година.

Во однос на четвртиот амандман тој смета дека треба да се додаде и дека Републиката го штити и гарантира идентитетот во првиот став. А во третиот Републиката се грижи за дијаспората само кусо без да се наведува припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство или да се наведуваат други заедници. Овој предлог беше прифатлив за повеќето присутни на расправата, како посоодветен термин од припадници на македонскиот народ кои живеат во странство.

Во однос пак на постојаното потенцирање дека Македонија нема територијални претензии Фрчкоски вели дека тоа звучи како да зборуваме за моќна држава како Русија па како другите државни на Балканот да се плашат.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Го прашуваме Јон дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин?

Фрчкоски: Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?