Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Од:

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека МНР спровело истрага за работата на амбасадорот во Постојаната мисија на Северна Македонија во ООН, Љубомир Фрчкоски, и импровизираше дека во неа тој видел финансиски злоупотреби со шестоцифрени бројки…; но за нив не можел ништо да зборува…; туку ќе го предадел наводниот Извештај на правосудните органи кои понатаму, ако одлучат, ќе постапувале, се вели во одговорот на Љубомир Фрчкоски на како што вели „инсинуациите искажани на прес конференцијата на министерот за надворешни работи“.

Вака изреагира Фрчковски по обвинувањата на прес конференцијата на министерот Тимчо Муцински дека за поранешниот амбасадор (Љубомир Фрчкоски) има сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства.

„Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Спроведена е внатрешна постапка во МНР, информациите кои стигнаа до мене се навистина многу загрижувачки, рече претходно Муцунски. Во одговорот по прес конференцијата, Фрчковски додаде:

„Ова и од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста. Го повикувам Министерот јавно, со минимум аргументи и докази, да покаже случај на, не мора шестоцифрена, ако му е многу, еве на двоцифрена злоупотреба на финансиски средства што јас сум ја направил надвор од овластувањата, кои со Законот за надворешни работи се овластувања на секој Амбасадор – и со тоа сум го оштетил буџетот или приватно сум злоупотребил средства од сметка на Амбасадата.

Го повикувам исто така Министерот да не прави крупни, елементарни правни пропусти (за да добие посакуван резултат со конструирање на наводни злоупотреби), праќајќи во ревизија нелиценцирани, ненадлежни ревизори во пензија (за што има докази и сведоци) – чија “истрага и акти – Извештај“ не може да бидат користени како никаков правен доказ ниту во дисциплинска ниту во судска постапка. Имено, да не води „вмровски истраги“ туку да води нормални истраги, ако воопшто сака и има намера да дојде до вистината и фактите“, вели Фрчкоски.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија