Француско МНР: Ја поздравуваме одлуката на Иванов да му го додели мандатот на Заев

Од:

„Франција ја поздравува одлуката на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање влада на господинот Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Ова е важна можност за земјата да излезе од политичката криза.

Се надеваме дека новата Влада ќе биде наскоро формирана.

Франција ги повикува сите политички сили застапени во Собранието да воспостават конструктивен дијалог во рамките на институциите, така што идните власти за скоро време да почнат со спроведување на итните реформи неопходни за трајна стабилизација на земјата и напредок на патот кон евроинтеграцијата“, се наведува во соопштението на француското Министерство за Надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем

Автомобил „рено 5“ од 1982 година пронајден по 43 години, со само 12 поминати километри

А1он

Франција го напаѓа Руте: Ја понижува Европа за да му се додворува на Трамп

Франција за тврдењето на Трамп: „ЛАЖНИ ВЕСТИ“