Францускиот предлог ќе се дискутира на пленарна седница, без комисии, но не се знае кога

Од:

И покрај противењето на ВМРО-ДПМНЕ, информацијата за францускиот предлог да биде разгледана од Собранието без комплетните документи, претседателот Талат Џафери одлучи дека за ова ќе се дискутира на пленарна седница. Засега нема датум за нејзино одржување, а пратениците на Левица и претходно реагираа дека без францускиот предлог ќе се најде на пленарна седница, без разгледување на надлежните комисии, што го сметаа за противделовнички.

„Согласно Деловникот на Собранието претседателот ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. Во исто време нема деловничка одредба која што му овозможува на Претседателот да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата“, велат од Собранието.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека не може Собранието да разгледува само еден лист хартија, колку што било доставено од Владата, ќе биде пренесена до владините претставници.

„Претставникот на Владата Бојан Маричиќ одговори дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информациите од Координација до Влада за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни за целата јавност, а во Информацијата се наведени како референца“, додава Собранието.

На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митревски; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани