• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

Франциско, Фрањо, Франциск… Медиумите му дадоа три имиња на папата

by Васко Маглешов07/05/2019 - 11:5920/06/2019 - 13:26767
Share0

Медиумите во Северна Македонија му дадоа три имиња на 82-годишниот поглавар на Римокатоличката црква при неговата посета во Скопје. Oва е сосема оправдано ако се земе предвид фактот дека лингвистите кај нас сè уште се со поделени научни ставови која форма е најприфатлива.

Добивај вести на вибер

Ова прашање првин беше актуализирано веднаш по изборот на актуелниот папа. Во медиумите се појавија разни имиња на папата, па професорот Трајко Стаматоски тогаш за „Утрински весник“ изјави дека името на папата е според еден од најголемите светци во Католичката црква – Франциско од Асизи, заштитникот на сиромашните. „Името на папата на македонски јазик е Франциско според аналогијата на тоа како до ден-денешен го нарекуваме основачот на францисканскиот ред, Франциско од Асизи“, изјави тогаш Стаматоски.

Сепак, друг дел од лингвистите искоментира дека оригиналното име на светецот Франциско од Асизи доаѓа од латинското „Францискус“, а не од шпанскиот јазик за да се транслитерира како Франциско. Оттука, објаснувањето е дека папата или треба да се вика Франциск со скратено -ус или Францискус со зачувано -ус како кај Нострадамус. Освен тоа, според Правописот на македонскиот јазик, имињата од средновековниот латински јазик на -us или -ius не го губат завршокот. Оттука, Franciscus на македонски би се транслитерирало во Францискус.

Во објаснувањата можеше да се прочита и толкување дека ако името на папата е според името на светецот, од Асизи (Италија), треба да се вика Франческо, а доколку се земе предвид потеклото на папата, тогаш од шпански јазик, мора да е Франсиско.

Според разбирањето, особено на вернците, треба сериозно да се разгледа и можноста за локализирање на името на папата на начин што ќе се прифати формата што ја користи римокатоличкото население во Македонија (претежно Хрватите) – Фрањо.

papapapa francisko

Би можело да ве интересира

Папата Лав XIII ги зајакнува односите со Православната црква и го поддржува Либан

Горан Наумовски26/11/2025 - 08:55

Папата прогласи седум нови светци, меѓу нив е и поранешен сатанист

Горан Наумовски19/10/2025 - 17:35

Лав XIV: Парите одат кај трговците на смртта наместо за болниците и училиштата

Горан Наумовски26/06/2025 - 20:53

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ08/05/2025 - 19:2108/05/2025 - 19:39

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он07/05/2025 - 21:22

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он07/05/2025 - 19:0607/05/2025 - 19:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен