А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Франција бара нов пристап за ЕУ преговорите, можно одложување на одлуката за Северна Македонија

by А1он10/10/2019 - 17:2010/10/2019 - 17:29861
Share0

Франција сака да поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ идната недела на министерскиот состанок во Луксембург, со што би можело по трет пат да се одложи одлуката за отворање преговори за Албанија и Северна Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Иако не станува за официјална позиција за сега, Париз одамна смета дека преговарачкиот процес за членство каков што е сега не е доволно успешен, меѓу другото поради тоа што во земјите кои веќе преговараат се забележува реформски застој или назадување, објаснуваат дипломатски извори во Брисел.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ најдоцна утре повторно ќе се состанат да разговараат за ова, но и за францускиот предлог по трет пат да се одложи одлуката за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, за март 2020-та.

Париз предлага да се внесе во заклучоците реченица слична на досегашните со која се залага да се „наврати на прашањето“ во март, а претходно ќе побара Европската Комисија да изготви извештај и покрај тоа што редовните извештаи за напредокот на земјите од регионот се предвидени во април 2020-та.

Следете a1on на Youtube YouTube

Некои земји членки на ЕУ немаат против ревидирање на преговарачкиот процес за проширувањето меѓутоа сметаат дека тоа не би смеело да доведе до уште едно одлагање на одлуката.

Со сличен став денеска се огласи и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

-Секогаш има простор за подобрување и јас сум последниот кој би рекол дека нема, секогаш може да зборувате за методологијата, не треба да замижеме и да одбиеме, но не треба да се држи во заложништво, рече денеска Хан.

Во Брисел денеска интензивно се шпекулира и дека францускиот претседател, Емануел Макрон, би можел да биде многу потврд против одлуката за отворање преговори поради тоа што неговата кандидатка за комесар, Силви Гулар, беше отфрлена од страна на Европскиот Парламент.

Едно од решенијата за да се придобие Франција е да се прифати одвојување на Албанија и Северна Македонија, затоа што од француска страна станува сѐ појасно дека шансите за зелено светло за Тирана се речиси непостоечки. Од друга страна Италија инсистира да се одобрат преговори за двете земји во пакет, и се очекува силна конфронтација помеѓу Рим и земји како Холандија на оваа тема.

Комесарот Хан исто така смета дека би била „огромна политичка грешка“ да се одвојат двете земји, како што рече денеска, но доколку не е возможно оценува дека е „подобро една отколку ниедна.“

-Уверен сум дека ќе има позитивна одлука за преговорите, не можам да откријам детали во овој момент, во дипломатијата мора да ги гледате работите индивидуално, но има подготвеност за изнаоѓање решение, работите течат и ова е вообичаено однесување во ЕУ каде се остава сѐ до последен момент, изјави комесарот Хан на средба со новинарите во Брисел.

Комесарот истакна дека Северна Македонија покажа резултати на сите полиња, и е единствена земја без ниедно отворено билатерално прашање во регионот, додека Албанија сѐ уште има политички проблеми на домашен план иако ги исполни сите критериуми кои се бараа од неа.

-Многу малку земји се колебаат за стартот на преговори, а отворањето пристапни преговори е најдобрата алатка што ја имаме за да издејствуваме промени, додаде комесарот Хан.

eumakedonija

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Горан Наумовски03/06/2026 - 09:22

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Горан Наумовски03/06/2026 - 08:25

Мицкоски: Верувам и дека достоинството, идентитетот и принципиелноста не треба да се пречка за европската перспектива

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 20:0902/06/2026 - 20:26

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 19:58

Приведен Стефан Богоев и повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание, положба и углед за стекнување имотна корист од големи размери

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 16:5202/06/2026 - 17:07

Чамците и скутерите летово со ограничено пловење на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 15:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто