(ФОТО+ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Запалено возилото на поранешниот градоначалник Сашо Пирганоски

Од:

„Во раните утрински часови опожарено e возилото на поранешниот градоначалник на Прилеп, Сашо Пирганоски, од редовите на СДСМ. ОО СДСМ Прилеп најостро го осудува овој вандалски чин и целосно застанува во заштита на нашиот истакнат партиски член и единствен градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ“, рече на денешната прес конференција Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

„Професионалците во полициската станица во Прилеп, се должни во најскоро време да ги пронајдат организаторите и сторителите на овој вандалски чин!

Очекуваме брза разрешница на овој случај, да не се дозволи ова да остане уште еден од низата нерасветлени случаи со запалени возила во Прилеп, и дали истиот има политичка позадина.

zapalenovozilo (1)

Сé позачестените проблеми со мирот и безбедноста на граѓаните на Прилеп, на површина ги вадат сите технички и кадровски проблеми со коишто се соочува полицијата.

Според информациите, командирот на полициската станица во Прилеп моментално е во оставка. Но, граѓаните никој не ги информира од кои причини?

zapalenovozilo (2)

Во моментов прилепската полиција ги има најлошите резултати, на ниво на Македонија, во справување со случаи поврзани со криминал и безбедност.

Дали причината за тоа е што најголемиот дел од раководниот кадар во прилепската полиција е поставен без соодветно образование за позицијата и работното место?

zapalenovozilo (3)

Ги повикуваме градоначалникот, Марјан Ристески, и претседателот на Совет на општина Прилеп, Никола Димески, да престанат да бидат соучесници во партизирањето и уништувањето на професионалноста на полицијата, на штета на нашите сограѓани.

Веднаш да се заложат, за командир на прилепската полиција да биде поставен чесен професионалец, кој ќе ги врати угледот и достоинството на вработените во МВР, како и загубената доверба кај граѓаните.

zapalenovozilo (4)

Мора да се создадат соодветни услови за нормално, непречено и професионално функционирање на полицијата во Прилеп. Граѓаните на општина Прилеп, без разлика на партиската, верска и друга определба, мора да бидат подеднакво заштитени од полицијата и сите безбедно да се чувствуваат“, изјави Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Баковска: Скандал, градоначалникот на Демир Хисар од ДПМНЕ незаконски сака да разреши директорка на училиште

(ВИДЕО) Нешковска: Статистика објави алармантни бројки, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8 отсто

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува – хидросистемот Ѓавато не функционира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Младите во Македонија спасот го гледаат во странство – бројот на вработени намален за 17.000

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

СДСМ: Скапо ја плаќаме неспособноста на Мицкоски