ФОТО+ВИДЕО: Режимот на ДПМНЕ удри и по Ромите-социјалци во Прилеп

Од:

Денеска Владата на ДПМНЕ почна да тепа и граѓани. После тепањето пратеници, новинари, режимот на Груевски и фамилијата се дрзна и им ја честиташе нова година со ќотек и на најзагрозените случаеви во Македонија.

Имено, огромен број на Роми пред „Социјалното“ во Прилеп се собраа и протестираа против лагите на ДПМНЕ. Тие гневни и низ револт кажуваа дека и овој дочек на новата година ќе го поминат без скршен денар.Пари од социјално нема! Наместо директорката Снежана Јованоска да им објасни зошто се уште нема пари за нив, таа го ангажираше обезбедувањето се со единствена цел да ги тепа и турка како што викаат тие „како кучиња“.

Имаше повредени граѓани, по што интервенираше „Брзата помош“. Една од повредените беше и мајка на две деца, од кои едното е глувонемо и со епилепсија, која тврдеше дека и нејзините деца биле туркани и гмечени од страна на одезбедувањето кое дошло по налог на директорката на Центарот за социјални грижи – Прилеп, Јованоска.

[nggallery id=129]

Ромите им порачаа дека повеќе ДПМНЕ никогаш повеќе не се добредојдени во ромската населба Тризла во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски