ФОТО: Зголемена празнична посетеност на Дојранското Eзеро

Од:

Празничниот продолжен викенд заедно со првомајските одбележувања го наполнија со посетители дојранскиот крај. Ова е своевиден барометар за претстојната туристичка сезона, која домашните издавачи со нетрпение ја очекуваа.

dojransko-turisti (2)

Поради големиот број побарувања за приватно сместување, кое е најприфатливо поради ниската цена од 350 денари за легло, деновиве таа достигна и до 700 денари. Неуморните гости од немајкаде ја прифаќаат, но затоa, пак, се опремиле со музички уреди со системи за озвучување, па од речиси секоја трета вила на дојранскиот брег трешти музика за забава на гостите.

dojransko-turisti (3)

Топлото време од над 32 степени Целзиусови регистрирана деновиве и пријатната езерска вода ја отвори и капачката сезона на Дојранското Езеро, иако неа локалните жители ја започнуваат многу порано.

dojransko-turisti (4)

По првомајскиот налет од над 10.000 туристи, велигденските празници сè уште го прават атрактивно за посета најјужното македонско езеро поради можноста овде да ги посетат духовните храмови црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Нов Дојран, црквата „Свети Илија“и Манастирот „Марија Магдалена“ во Стар Дојран, каде што за вечерва се подготвуваат свечени велигденски литургии.

dojransko-turisti (5)

Сè на си, долгиот празничен викенд најавува посетеност од над 30.000 гости, меѓу кои и туристи од соседна Грција, кои, исто така, го слават големиот христијански празник – Велигден.

dojransko-turisti (1)

Би можело да ве интересира

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран