ФОТО: „Зелените стапалчиња“ повторно чекореа низ Карпош

Од:

Учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“, денеска, (23 септември 2013) , вторa година по ред го одбележуваат денот без автомобили со реализација на проектот „Зелени стапалчиња“.

zeleni-stapalcinja (1)

– Сите ученици на свој начин дадоа придонес во реализацијата на овој проект. Учениците од шесто одделение рано утрото на автомобилите на родителите оставаа летоци со пораки за поретка употреба на автомобилите и за зачувување на животната средина, второодделенците направија цртежи, третоодделенците пишуваа пораки, учениците од четврто и од петто одделение подготвија знаменца и зелени стапалчиња и учествуваа во еко-парадата, појасни Александра Блажевска, предметен наставник од ООУ „Јан Амос Коменски“ и координаторка на проектот „Зелени стапалчиња“.

zeleni-stapalcinja (3)

Проектот првпат беше реализиран минатата година во рамките на интернационалната истоимена кампања, организирана од Алијансата на градови и општини со седиште во Франкфурт.

zeleni-stapalcinja (4)

– Најважно во врска со овој настан е тоа што активностите на учениците и годинава, со специјален извештај, ќе бидат претставени на 19.Самит на ОН за заштита на климата и тоа под уставното име на нашата земја. На тој начин им покажуваме на политичарите од целиот свет дека и учениците од Карпош се грижат за зачувување на природата, со гордост вели Блажевска, координаторката на проектот.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош