ВИДЕО: Протест за отпуштената работничка од „Веро“ која морала да се грижи за болното дете

Од:

Стотина граѓани денеска се собраа пред маркетот „Веро 5“ да изразат незадоволство од одлуката на маркетот да отпушти една работничка која во тој момент била на боледување бидејќи морала да се грижи за своето 18 годишно дете кое е болно од Туберкулоза и се спрема за операција.

Оваа одлука на „Веро“ се коси со Законот за работни односи. Кети Лешко, бесправно отпуштената работничка, нема основ да поднесе приговор до надлежните институции бидејќи е отпуштена усмено односно нема отказно решение во писмена форма.

Граѓаните кои половина час ја блокираа улицата пред маркетот, на протестот дојдоа со транспаренти на кои пишуваше „Работници кренете глас“ „Исправете се работници“. Протестот беше поддржан од Левица која важи за партија која пред се се грижи за работничките права на вработените.

-Газдите на Веро маркетите си дозволија да се постават над законите и да даваат отказ без отказно решение и за време на користење на боледување. Во Македонија тоа е спротивно на Законот и работничките права не смеат да се игнорираат, рече Здравко Савески од Левица.

Тој заедно со лицата кои протестираа, од Веро маркетите побара под итно да ја вратат работничката на работа и повеќе да не ги прекршуваат работничките права.

-Доколку трудовиот инспекторат и Веро не постапат согласно законите на РМ, Левица и понатаму ќе се ангажира, онолку колку е во можност, да се спроведуваат Законите и да престане нивното кршење, вели Савески.

Според него ова не е прв пат Веро бесправно да ги отпушта вработените, пред одреден период вработен исто така бил избркан преку усмено соопштение.

-Практиката да ги отпуштаат работниците без отказно решение е континуирана практика од страна на Веро маркети и таа практика мора под итно да ја променат, рече Савески кој потенцираше дека доколу нема правда за отпуштената работничка, протестите ќе се радикализираат.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Томовски фатен во лага – негов близок другар е управител на фирмата која добила милионски тендери, тврди Левица

Левица: Владата во служба на финансиските елити – рекордни добивки за банките, беда за народот

А1он

(ВИДЕО) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Оваа шарада на демократија на власта ќе добива се полоши оценки во извештаите на Европската Комисија

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ ни го одби амандманот за проширување или зголемување на додатокот за туѓа нега

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање