(ФОТО) Заев: СДСМ останува конструктивна околу спорот со името

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска оствари работна средба со Шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Аиво Орав.

На средбата се разговараше за повеќе теми поврзани со напредокот на Македонија во евро-интегративниот процес, како и за состојбите во СДСМ односно за плановите на новото раководство на партијата.

orav-zaev

За прашањето околу спорот со името, претседателот Заев посочи дека СДСМ останува конструктивна поради значењето на ова важно прашање кое го тангира националниот интерес на Република Македонија. Сепак, Заев забележа дека Владата воопшто не ја информира опозицијата што се случува во процесот и изрази надеж дека во иднина ваквото однесување на власта ќе се промени.

Амбасадорот Орав ја поздрави конструктивноста на СДСМ. Дополнителнио, тој се осврна на следниот Самит на ЕУ и генерално го информираше претседателот Заев за очекувањата од истиот. Во таа насока, стана збор и за позицијата на Македонија и беше изразена надеж за придвижување на процесот на интеграција на земјава во Унијата.

zaev-orav

Исто така, на средбата се разговараше и околу формирањето на собраниската Анкетна Комисија за настаните од 24 декември, под покровителство на Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. За Европската Унија, потребата од возобновување на политичкиот дијалог во земјата е од голема важност и во таа насока Унијата охрабрува што поскоро формирање на Комисијата, како и посветување на реформите на изборното законодавство и слободата на медиумите. СДСМ е целосно конструктивна во однос на формирањето на Комисијата и чека ВМРО-ДПМНЕ да го прифати предлогот странски експерт да застане на чело на Комисијата.

zaev-orav1

Во однос на внатрешните состојби во СДСМ, претседателот Заев го информираше амбасадорот за неговите генерални планови и насоки на идно политичко делување на партијата. Воедно, амбасадорот Орав ги искажа своите очекувања од СДСМ и ја поздрави конструктивната улога на партијата за прашањата кои се исклучително важни за напредокот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина