Заев – Орав: Во Извештајот од Брисел има „но“, но не се знае до кога

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставници на комисиите за евроинтеграции и за надворешна политика, Лидија Димова и Виктор Габер, денеска се сретна со амбасадорот на ЕУ во Р. Македонија, Аиво Орав и со советничката за политички прашања што ги мониторира релациите на Македонија со Унијата, Камила Дуда Кавеска.

-Годинава за прв пат, со искрен речник, Европската Комисија порачува дека е потребно да се види напредок веднаш во областите што Комисијата ги посочи како загрижувачки: политизација на институциите, контрола на медиумите од страна на Владата за време на изборната кампања, селективна борба со корупцијата, проблеми со независноста на судството, бидејќи годинава во Извештајот има “но“ но не се знае до кога, рече евро амбасадорот Орав. Тој додаде дека во следните два месеца се очекуваат конкретни чекори од Македонија во насока на подобрување на ситуацијата.

Амбасадорот на ЕУ, Орав, денеска му го врачи Извештајот на ЕК на претседателот Заев.

-Забелешките на Европската комисија се многу слични со посочените проблеми и потребните решенија што ги бара СДСМ за состојбите во Македонија, рече претседателот на СДСМ.

Претседателот Заев изрази задоволство од останувањето на препораката за Македонија и го поздрави пријателскиот однос на Европската Унија кон Македонија.

На средбата стана збор и за политичката ситуација во Македонија.

Претседателот на СДСМ соопшти дека опозицијата останува отворена за дијалог и дека власта е таа којашто треба да се согласи со 5-те теми за разговор, за чијашто оправданост, дополнителна потврда е вчерашниот извештај на Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби