ФОТО: Заев на финалето на ТИХО од Миравци

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа присуствуваше на финалето од јубилејниот 25-ти по ред меморијалниот турнир во мал фудбал „ТИХО“ во Миравци.

zaev-finalemiravci (1)

Поддршката на спортските активности, младинскиот ентузијазам и хуманата порака што веќе двеипол децении наназад ја спроведуваат и ја остваруваат организаторите и учесниците на четврт-вековниот турнир во ова гевгелиско село е вредно за почит и посета на овие упорни граѓани, кои заслужуваат бодрење, рекоа домаќините од Миравци.

zaev-finalemiravci (3)

Пред одржувањето на натпреварите Заев имаше неформална средба со претставници на Месната заедница од Миравци, советници во општинскиот Совет и членови на партиското раководство од општината, запознавајќи се со секојдневните проблеми на жителите од ова место-поранешна општина Миравци, сега во состав на општина Гевгелија.

Од трибините, во друштво со генералниот секретар на СДСМ – Оливер Спасовски, општински партиски раководители и симпатизери, заедно со бројната публика што го следеше турнирот, Заев ги бодреше натпреварувачите, кои од 32 екипи стасаа до финалето.

zaev-finalemiravci (2)

Победник на турнирот беше екипата на „Старт“ од Демир Капија, која ја совлада екипата на  „Боби Еуропласт“ од Јосифово со резултат од 5:0 и освои награда во вредност од 140.000 денари и пехар во трајна сопственост.

Второпласираната екипа доби награда од 80.000 денари, а третопласираната „Респект Савре“ од Гевгелија, со победата од 5:3 над „Црна река“  Возарци, стана носител на траен пехар за трето место и вредносна награда од 50.000 денари.

zaev-finalemiravci (4)

Во поединечните пласмани, сите награди отидоа во рацете на натпреварувачите од екипата „Старт“ од Демир Капија, со прогласувањето на Сашко Паунов за најдобар голман, Александар Глигоров за најдобар стрелец (голгетер)  и Дарко Ранготов за најдобар играч.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски