ФОТО: Заев имаше средба со делегација од Швајцарија

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска во својот кабинет ги прими претставниците на хорот „Хармони де Кампањ“, на македонското добротворно друштво „Македонија“ и претставници на политичката и деловната заедница на Ешалан од Швајцарија. Иако се сретнаа за прв пат, средбата помина во опуштена и пријателска атмосфера која започна со споделување на впечатоците од синоќешниот концерт на хорот.

strumicaZ23 (3)

-Јас, како градоначалник и моите сограѓани кои присуствуваа на концертот, сме воодушевени од настапот на хорот, посебно од изведбата на македонските песни. Од сега, вратите на Струмица се секогаш отворени за вас. Швајцарија е голем пријател на нашата држава. Почнавме од културата, но јас верувам, дека ова пријателство кое го втемелуваме денеска, ќе биде одлична можност за соработка и во останатите области и ќе расте и на други нивоа, рече градоначалникот Заев.

strumicaZ23 (4)

И претставниците на Ешалан изразија огромно задоволство од гостопримството на градоначалникот и на струмични.

-Почестени сме со приемот во вашиот кабинет. Јас сум градоначалник на општината од каде што доаѓа хорот, тоа е мала општина која има илјада жители. Ние сме воодушевени од посетата на Македонија, посебно на Струмица и се чувствуваме прекрасно затоа што овие средби се реализираат преку културата, што значи таа не спојува и ќе биде темел и на другите видови на соработка кои што ќе ги воспоставиме во иднина, рече Жан Лук Безенсон, градоначалник на Ешалан и пратеник во кантоналното собрание.

strumicaZ23 (1)

На средбата се разговараше за сличностите и разликите меѓу Ешалан и Струмица, посебно за земјоделството, бидејќи и двата региона се познати по земјоделското производство, а се разгледуваа и можностите за идна соработка.

 

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија