ФОТО+ВИДЕО: Заев и посака добредојде на германската фирма „Интрама“ во Струмица

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на деловните простории на германската фирма „Интрама“.

Посакувајќи им добредојде на инвеститорите, тој им порача дека општина Струмица и општинската администрација целосно им стојат на располагање за реализирање на зацртаните планови и цели.

zaevstr (5)

– Дозволете ми од името на Струмица, на деловниот сектор и од името на нашите граѓани, да и посакам добредојде на „Интрама“ во Струмица, да и посакам многу успех и на овој ден со дожд, кој според нашата традиција значи бериќет и секако исполнување на зацртаните планови и цели со изградбата на овој прекрасен објект во Струмица.

zaevstr (4)

– Стопанството е двигател на иднината и сите овие желби кои беа кажани од сопствениците со добри намери, пред се, онаа најисконската, да ги задржиме младите овде, тука да ја гледаат својата иднина, даваат огромен придонес со оваа убава инвестиција во нашата Струмица.

zaevstr (3)

– Секоја инвестиција од домашното стопанство или од странство, дојдена во Струмица е драгоцена за развојот на иднината на сегашните и идните генерации кои што доаѓаат по нас. Германија е голем пријател на нашата земја и кога ќе дојде компанија од Германија, таа не само што ја завршува својата улога овде како инвеститор, обезбедувајќи промет во нашето стопанство, нови работни места, истовремено, испраќа порака на охрабрување и за други инвеститори кои што се пред донесување одлуки за инвестирање во целиот овој балкански регион.

zaevstr (2)

– Општина Струмица и целата општинска администрација целосно и стојат на располагање на „Интрама“ за релизирање на зацртаните планови и цели, рече градоначалникот Заев.

secenje lenta

Германската фирма „Интрама“ располага со производствени погони за етикети, фолија и автоматски линии за вакуум пакување во прехранбената и кондиторската индустрија.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас