ФОТО: Заев го помина Денот на Европа со амбасадорите на Обединетото Кралство и Шпанија

Од:

Денот на Европа – 9 мај, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев го помина со амбасадорите на Обединетото Кралство и Шпанија во Македонија, Кристофер Ивон и Фернандо Де Галаинена Родригез. Работната средба ја почнаа во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ каде беше отворена нова инфо ЕУ точка – катче каде граѓаните на Струмица ќе можат да се информираат за функционирањето на Европската Унија, за нејзините институции, политики и програми. Официјалната програма по повод Денот на Европа се одржа во Домот на АРМ каде пред присутните зборуваа градоначалникот Зоран Заев и амбасадорите Кристофер Ивон и Фернандо Де Галаинена Родригез.

zaev (2)

– Сите ние наизуст го знаеме историскиот растеж на обединетата Европа. Сите ние си спомнуваме за идеите на Жан Моне, за Шумановиот план од 9 Мај 1950 година, за договорот од Рим со кој е создадена Европската Економска Заедница, за формирањето на Европскиот парламент, за договорите од Мастрихт и Амстердам, за воведувањето на еврото како заедничка парична единица и за редица други настани преку кои Европската Унија доживува растеж и зголемување на бројот на членовите на своето семејство. Во таа богата историја сеуште не е ставена точка. Таа историја сеуште се испишува. Ние би сакале во еден убав мајски ден да го славиме 9 Мај – Денот на Европа како составен ден од таа убава и богата историја. Тоа Македонија го заслужува, рече градоначалникот Заев.

Амбасадорот на Обединетото Кралство Кристофер Ивон, се заблагодари за топлото добредојде во Струмица и рече дека е многу среќен што по трет пат е тука и помага во доближувањето на ЕУ до граѓаните на Струмица.

zaev (1)

-Јас сум жител на ЕУ скоро целиот мој живот и како што сум горд на тоа, така се надевам дека ќе бидам уште погорд ако и вие станете дел од големото семејство на Европската Унија. Ви благодарам за убавото одбележување на Денот на Европа, рече Ивон.

Фернандо Де Галаинена Родригез амбасадор на Шпанија во Македонија најнапред му го честиташе третиот мандат на градоначалникот Заев и рече дека е среќен што денеска е во Струмица, град познат по својата богата историја и културно – историски знаменитости, а и тој посака Македонија да стане дел од ЕУ.

Во забавниот дел, покрај учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ и средното општинско училиште „Јане Сандански“, настапи и светски познатиот перкусионист Зоран Маџиров.

Градоначалникот и амбасадорите ја посетија и канцеларијата за европски проекти што работи во рамките на општина Струмица и откупно – дистрибутивниот центар на Агрокор.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски