Вчеравечер, поминувајќи низ скопските улици, беше овековечен еден несекојдневен настан кој ја заскокотка љубопитноста на сите присутни. Се поставува прашањето дали овие кампери беа овде по повод 1-ви и 2-ри мај или станува збор за нешто друго, засега не е објаснето.
За што станува збор?! Сигурно ќе дознаеме наскоро, во меѓувреме ни останува да ја задоволиме љубопитноста со фотографии од случајните минувачи и да погодуваме за што станува збор, надевајќи се дека овие градски кампери си донеле подебела облека и опрема за преноќување – со оглед на ниските температури што настапија доцна во ноќта.
Од Скопски Саем го најавуваат Саемот за Туризам, од 7-9-ти мај.
Дали овие кампери чекаат поволни понуди или нешто друго, останува да почекаме и дознаеме.