ФОТО: Врачени 30 хуманитарни пакети во општина Карпош

Од:

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници претседателот на Советот на општина Карпош, Трифун Трифуновски, и претседателот на УЗ Нерези, Стојан Димовски, врачија 30 социјални пакети на семејствата кои се наоѓаат во потешка материјална состојба.

Во акцијата која ја спроведоа вработените од УЗ Нерези, на три пункта ширум нивната територија, солидарните граѓани донираа облека и играчки, во рамки на хуманитарната акција одржана на 2 декември под наслов „Сите заедно да бидеме среќни”.

– И овој пат локалната самоуправа заедно со градоначалникот Стевчо Јакимовски, вработените лица, Советот, урбаните заедници и пред се со граѓаните, го покажаа својот хуман лик. Постојано настојуваме, а така ќе биде и во иднина, кога се работи за помагање на семејствата кои се наоѓаат на социјалните маргини, изјави Трифуновски.

Тој им се заблагодари на сите хумани граѓани од Карпош, и најави дека во иднина општината ќе продолжи со реализација на проекти од ваков карактер.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски