ФОТО: Во Охрид повторно се наплаќа паркирање – 50 денари за час

Од:

И покрај најавите дека во Охрид нема да се наплаќа за паркирање на автомобили и покрај активностите на локалната самоуправа минатата недела за отстранување на сите наплатни места и рампи низ градот, за време на празнциите во нашиот најголем туристички центар повторно се наплаќаше за паркирање.

ohrid-parkiranje.jpg

Цената повторно е 50 денари за еден час паркирање, а се наплаќаше и на локации во централното градско подрачје на кои до сега воопшто не се наплаќаше реагираа граѓаните и гостите и бараат од градските власти да стават крај на овој проблем.

Лица облечено во зелени униформи со фискални каси во рака им наплаќаа на сите оние кои ги паркираа своите автомобили.

ohrid-parkiranje1.jpg

„Платив 50 денари за паркирање за еден час. Дојдовме од Софија со семејството за празникот во Охрид. Во Софија во центарот на градот за паркирање цената е 2 лева или 60 денари за еден час, додека во периферните делови е 1,5 лев или 30 денари за еден час“, рече еден турист од Софија за А1он.

ohrid-parkiranje2.jpg

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески најави дека ова прашање ќе се регулира наскоро.

ohrid-parkiranje3.jpg

„Потпишувањето на тој договор е под сомнителни околности со оглед на тоа што комисијата одредена од страна на тогашниот градоначаник јасно се произнесла дека после три предупредувања од антикорупциска комисија да прекине постапката од кое последното известување е дека мора да се поништи, комисијата за спроведување на постапката постапила според препораките на антикорупциска комисија и донесла решение со кое ја поништува постапката.

ohrid-parkiranje4.jpg

– И покрај тоа што комисијата ја поништила постапката бившиот градоначалник не постапил според препораките на комисијата која сам ја именувал и лично самоволно потпишал договор за проширување на паркинг зоната и користење на тие паркинг простори“, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

 

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите