ФОТО: Во Крушево се одржа 11. куп на АРМ во биатлон

Од:

На скијачката патеката Кипрово во Крушево денеска се одржа единаесетиот куп на АРМ во биатлон.

Биатлон свечено го отвори полковникот Жикица Јовановски од Здружената оперативна команда, кој го нагласи значењето на Биатлонот како исклучително сложена спортска дисциплина на нордиското скијање, која од војниците покрај физичката кондиција, бара и примена на воено-стручно знаење и вештини.
biatlon arm (2)

Тој во оваа прилика го истакна задоволството што во редовите на АРМ се наоѓаат најдобрите репрезентативци во Биатлон во Република Македонија, кои постигнуваат врвни резултати со олимписки норми.

За време на отварањето на купот полковникот Јовановски напомна дека овај куп во биатлон воедно е и квалификација за светското воено првенство во скијање кое треба да се одржи во Франција во периодот од 25 до 29 март 2013 година.
biatlon arm (3)
На единаесетиот куп на АРМ се одржа натпревар во поединечно трчање – спринт на 7,5 км на кое учество зедоа натпреварувачи од екипите на 1.мпбр, полкот за специјални операции, здружената оперативна команда, МВР, Скијачката федерација, како и клубот ,,Олимпик ски“ од Крушево.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он