ФОТО: Во центарот на Охрид се појави свлечиште

Од:

Доцна синоќа во централното градско подрачје на улицата „Димитар Влахов“, каде подолг период се одвиваат градежни зафати, се појави свлечиште кое се прошири на патот.

svlecisteOH1

Полицијата веднаш интервенираше со тоа што ја затвори улицата за сообраќај. ЈП Проаква пак ги исклучи вентилите за довод на вода, па жителите од овој дел на Охрид и стариот град цела ноќ и утрово немаа вода.

svlecisteOH2

Кај Свлечилиштето наспроти ЗОИЛ видно е пропаднат тротоарот и овој потег претставува опасност за пешаците, а жителите од околните куќи стравуваат од натамошно пропаѓање на земјиштето и бараат итна санација на проблемот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски