ФОТО: Училиштетото „Сандо Масев“ со нови 200 штедливи светилки

Од:

Во рамките на проектот „Ефикасно користење на соларната енергија за подобра иднина“ финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, денеска во општинското основно училиште „Сандо Масев“ во Струмица беа заменети 200 стандардни неонски светилки со светилки со лед диоди со јачина од 18 вати.

Овие светилки се карактеризираат со ниско ниво на потрошувачака на електричната енергија, голема ефикасност, долг работен век и даваат светлина многу блиска до природната. Само за пример, новите светилки имаат работен век од 50 илјади часови, а стандардните само 8 илјади часови. Со оваа замена на светилките, училиштето доби комплетно внатрешно осветлување со најефикасни енергетски перформанси.

OOU_Sando_masev3

Исто така, во рамките на овој проект ќе бидат монтирани 78 фотоволтаични панели за индивидуален систем за производство на електрична енергија од сончева енергија.

Во просториите на училиштето ќе биде сместена целокупната опрема наменета за трансформација, акумулирање и дистрибуција на електричната енергија.  Со ова најголем дел од потребната енергија во ова училиште која се користи за осветлување, напојување на компјутери и други електрични уреди ќе се создава преку искористување на сончевата енергија.

За реализација на овој проект, општина Струмица доби грант од Европската Унија во износ од 192 илјади евра, наменет за создавање на енергетски ефикасно и независно училиште.

OOU_Sando_Masev4

Инаку, струмичкиот регион има одлични природни услови за искористување на сончевата енергија за производство на електрична енергија, пред се заради големиот број сончеви денови кој според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи изнесува 2.444 сончеви часови годишно.

Токму поради тоа, општина Струмица во континуитет применува обновливи извори на енергија.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски