ФОТО: Туристи чекаа и по два часа на патарината кај Романовце

Од:

Во просек по два часа се чекаше денеска на кумановската патарина Романовце поради зголемениот број туристи кои транзитираат низ државата.

Најголем дел беа турски печалбари претежно од Германија кои за празникот Размазан се враќаат во својата земја, но и туристи од Србија и од европските држави.

Македонските патарини на наплатните рампи не земаат метални евра, а кусур враќаат во денари.
Неупатените туристи беа нервозни и велат дека треба да има или повеќе ленти за наплата или да се наплаќа со вињети како во европските држави.

– 25 километри возев од границата до овде и заглавив на патарина на која има само три наплатни станици, а премногу возила. Со часови чекам за едно евро, вели еден турски државјанин.

На патарината кај Романовце немаше одговорен за да појасни зошто толку време се чека и како да се надмине проблемот на магистралата која е блокирана 48 часа. Вработените на рампата потврдија дека најголем метеж направиле турските државјани кои се на работа во европските држави и кои за летните одмори минуваат преку Македонија за да стигнат во матичната држава.

Од Граничниот премин Табановце информираат дека има зголемена фреквенција на патници и дека се чека околу половина час, а повеќе застој има на српската страна каде се чека двојно повеќе. Оваа е втор бран туристи кои сезонава направија блокада на Коридорот 10.

Кумановските граѓаните, но и автобусите со патници кои возат до Скопје, во изминатите два дена го користат стариот пат преку Арачиново.

ФОТО: Канал 5

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он