ФОТО: Торта со мотор за Заев од вештите жени на Струмица

Од:

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев денеска доби торта со мотор од вештите жени на Струмица кои учествуваа на републичкиот натпревар во Тетово.

Тортата со мотор на четири тркала му ја подарија во знак на благодарност за финансиската поддршка што ја добија за да учествуваат на натпреварот на кој освоија две вредни награди, прво место – гран при на Република Македонија освои Вера Стоева, а Николина Ѓорѓиева освои прво место за вкус на главно јадење.

zaev-torta-motor (2)

„Размислувавме како да му се заблагодариме на градоначалникот Заев кој финансиски не поддржа за овој натпревар, а и за многу други пред тоа и одлучивме тоа да биде торта со мотор бидејќи тој е голем љубител на мотори. Тортата ја правевме од срце во знак на почит и голема благодарност кон него“, рекоа вештите жени.

zaev-torta-motor (1)

Градоначалникот Заев беше пријатно изненаден од подарокот и од идејата на вештите жени, заблагодарувајќи се им посака уште многу успеси со кои се повеќе се потврдуваат вештините на струмичките жени.

zaev-torta-motor (4)

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите