ФОТО: Студенчишкото блато под заштита

Од:

Во присуство на бројни граѓани, екологисти, претставници на државни институции , општина Охрид, членови на градскиот совет како и градоначалникот Александар Петрески во Охрид започна спроведувањето на проектот за заштита на Студенчишкото Блато како дел од Проектот за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен. Овој проект како идеја е зачнат од страна на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро а врз основа на утврдената потреба од заштита на остатокот на Студенчишкото Блато како природен филтер на Езерото и како живеалиште на ендемски видови.

„Овој проектот предвидува инфраструктурни работи во блатото, односно враќање на природната врска на блатото со езерото, изградба на инфраструктурни патеки внатре во самото блато, изградба на неколку набљудувачници и донесување на легислатива за прогласување на центарот на блатото за строго заштитено подрачје односно за споменик на културата“ рече Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското езеро.

Доктор Талески од Хидробиолошкиот завод од Охрид вели дека од некогашните 40 хектари колку што е вкупната површина на блатото, денес таа е преполовена и изнесува околу 20 хектари , пред се поради урбанизацијата на дел од блатото и негово прекривање со градежен шут.Тој е составен дел на Охридското езеро, а некогаш и најважно место за мрестење на крапот.

„Бројот на водни птици во блатото варира од година во година. Во 80 те години пребројувањето утврдило дека во блатото се присутни 50000 единки , за да наредните години тој број се намалува и достигнува само 25000.Блатото стана и времена депонија за комунален отпад.Регвитализацијата на блатото ќе придонесе во заштита на останатите зачувани видови во него а ќе влијае и на зголемување на рибниот фонд во Охридското езеро“ рече Талевски.

 

 

 

Уништуањето на Охридското блато во Охрид започнува на крајот од 70 години со изградба на Спортско рекреативниот центар во Охрид со намена за одржување на армиското спортско првенство на некогашната ЈНА, со што биле уништени големи пространства на блатото.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски