ФОТО: Струмица го одбележа меѓународниот ден на победата над фашизмот и денот на Европската Унија

Од:

Општина Струмица со повеќе свечености го одбележа 9 мај – меѓународниот ден на победата над фашизмот и денот на Европската унија.

Градоначалникот Зоран Заев со претставници на Советот на општината положија свежо цвеќе пред  споменикот на паднатите борци  во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија во малиот градски парк. Цвеќе положија и претставници на борците, на политичките партии, јавните институции и здруженијата на граѓани.

den_EU1

„Денешниов ден е еден од најзначајните кои човештвото треба да го памети и одбележува на достоинствен начин“,  рече градоначалникот Зоран Заев во своето обраќање и додаде:

-Ние Македонците, мораме исто така со должно внимание да го славиме овој ден, бидејќи со своите 38 илјади жртви во Втората Светска војна и Македонија даде свој придонес во севкупните случувања и во победата над фашизмот. Од тогаш па до денешни дни, нашава татковина прави исклучителни напори за градење вистински пат кон оние вредности кои се одлука на прогресивните и високодемократски општества. Еден од тие наши стремежи кои претставуваат императив во изминатиот период на независност е бездруго интегрирање во големото европско семејство.

– А токму на денешен ден тоа семејство ги доби темелите за својот дом.Кога на 9.мај 1950 година, тогашниот министер за надворешни работи на Франција – Роберт Шуман, ја промовираше идејата за создавање заедница за јаглен и челик меѓу дел од европските држави, сигурно никој не може да претпостави дека од таа идеја ќе израсне нешто толку големо и силно, како што е Европската унија.

den_EU3

– Ние сите би сакале во големото Европско семејство свое место да најде и нашата татковина- Република Македонија. Поминаа цели 8 години откако го добивме кандидатскиот статус но сеуште се наоѓаме во чекалната за почеток на преговори со ЕУ за наше членство.

– Проблемот со името кој останува непремостив јаз во односите на Македонија и Грција е една од клучните кочници за нашето пристапување во Европскиот мозаик. Но мора да си признаеме дека постојат и низа субјективни причини кои го успоруваат нашето евроинтегрирање. Кога се ќе се собере и одземе, излегува дека до Европската Унија сме во исто време и многу блиски и многу далеки. Останува да се надеваме дека сепак ќе го дочекаме и оној ден кога Република Македонија, од сите аспекти ќе го заслужи своето полноправно членство во Унијата, рече градоначалникот Заев.

Пред споменикот на паднатите борци, членовите на рецитаторската секција  при домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ рецитираа поезија инспирирана од Народноослободителната војна на Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

Шиплин: Подобро е да се тргува отколку да се војува со Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он